All for Joomla All for Webmasters
 

ул. Гоце Делчев 57,

6250, Кичево.

 

+389 (045) 226 780

Јавете се

.......

ДООЕЛ Еуро Фикс е основана кон крајот на 2001 година. Уште од самиот почеток  соработува со реномирани производители од Земјата и регионот како Турција, Грција, Германија, Србија и Косово.

Основна дејност на фирмата е увоз-извоз, дистрибуција и трговија со градежни материјали на големо и мало; компјутерско тонирање и мешање на абриб, фасадекс и  поликолор; комплетна изведба на сите завршни работи во градежништвото по принципот клуч на рака.

Лоцирани сме на две локации: централно градско подрачје и индустриска зона Иванидол 2, со вкупна површина од 5000 м2 од кои покриен деловен-магацински простор од 2400 м2.

Тимот се состои од едуцирани и квалификувани лица, кои своето знаење и искуство го ставаат на располагање на купувачите.
Располагаме со возен парк за комерција и транспорт.

Секоја година се трудиме да бидеме поиновативни нудејќи им на своите потрошувачи нови производи и услуги кои се во склад на најновите светски стандарди.

Со своето залагање Еуро-фикс се здоби со доверба на многу купувачи, така што денеска е горд на својот статус во областа на трговијата со градежни материјали. Листата на партнери е доволно широка, да на секој предизвик на пазарот одговориме на најдобар можен начин.

Задоволството на купувачите и во наредниот период ќе биде наша основна цел.

 
.......